Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

МВР со детали за тепачката меѓу таксисти пред скопскиот аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 минути -

Скопје
media-librarysj00io2gvei36HbTXyB

Пет лица учествувале во физичка пресметка пред Меѓународниот аеродром Скопје, а според неофицијални информации, причината за инцидентот било несогласување меѓу таксисти околу редоследот за преземање патници.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21.11.2026 година, во 14:40 часот, во СВР Скопје бил пријавен инцидент на Меѓународниот аеродром Скопје, при што бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу пет лица.

— реклама —

Според информациите од МВР, во пресметката од едната страна учествувале Ш.Б. (56), А.Б. (37) и Б.Б. (33), сите од Скопје, додека од другата страна биле Х.Л. (55) и А.Л. (30), двајцата од селото Ќојлија, скопско.

Според неофицијалните информации, станува збор за таксисти кои се скарале околу редоследот за преземање патници, односно кој од нив е следен на ред, по што несогласувањето прераснало во физичка пресметка.

— реклама —

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

— реклама —
media-librarysj00io2gvei36HbTXyB

(Видео) Таксисти се тепаа на скопскиот аеродром, не можеа да се договорат кој да ги земе патниците

Инцидент со физичка пресметка меѓу таксисти се случил пред Меѓународниот аеродром во Скопје.Според информациите, дошло до тепачка поради несогласување околу редоследот за преземање патници, односно кој од таксистите е следен на ред.

Скопје | пред 21 час

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library1mf4i5o2oikv8Ad7wr4

Навивачи на „Војводи“ и „Комити“ приведени кај Слепче, го нападнале возачот на автобусот и полицаец

Македонија | пред 6 минути

— реклама —
media-libraryir0lrnvfjvgi6YVceHu

Без возачка, пијани или со забрана за возење: 15 возачи приведени за едно деноноќие

Македонија | пред 7 минути

media-library751979j7sdgo3jXADs5

Навивачи на Тетекс приведени во Битола, кај нив биле пронајдени пиротехнички средства

Македонија | пред 11 минута

media-library4ujoagr5cgbs9WjYUUZ

Со скалпер се обидела да ограби 18-годишник во Скопје, 24-годишна девојка на распит во полиција

Скопје | пред 30 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања