Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Без возачка, пијани или со забрана за возење: 15 возачи приведени за едно деноноќие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 21 минута -

Македонија
media-libraryir0lrnvfjvgi6YVceHu

Петнаесет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, седуммина од приведените управувале возило без возачка дозвола. Станува збор за Б.А. (21) од Куманово, З.Т. (41) од селото Сенокос, општина Долнени, С.С. (34) од Битола, како и Т.З. (22), Ф.А. (28), М.Б. (28) и Д.Б. (20), сите од Скопје.

— реклама —

Тројца возачи биле затекнати како управуваат под дејство на алкохол. Тоа се С.С. (38) од Кавадарци, Е.Ф. (31) од Гостивар и Д.С. (32) од Пробиштип.

Останатите петмина управувале возило и покрај претходно изречената забрана за управување. Меѓу нив се Ј.С. (46) од Куманово, Д.Р. (38) од општина Долнени, Д.Т. (26) од Радовиш, како и Б.А. (63) и З.П. (40) од Скопје.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Од полицијата повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryl1dij2b778os84hrZUZ

Се откорнало парче од карпата додека се искачувал: Детали за несреќата кај Демир Капија во која интервенираа „Волците“

Македонија | пред 6 минути

— реклама —
media-library35bmmosm59i9dYjJY5q

Жена од Паланка пријавила дека членови на семејството кое ги имаше кравите ја натепале и ѝ нанеле скршеница

Македонија | пред 10 минути

media-library1mf4i5o2oikv8Ad7wr4

Навивачи на „Војводи“ и „Комити“ приведени кај Слепче, го нападнале возачот на автобусот и полицаец

Македонија | пред 21 минута

media-library751979j7sdgo3jXADs5

Навивачи на Тетекс приведени во Битола, кај нив биле пронајдени пиротехнички средства

Македонија | пред 26 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања