Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Се откорнало парче од карпата додека се искачувал: Детали за несреќата кај Демир Капија во која интервенираа „Волците“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 минути -

Македонија
media-libraryl1dij2b778os84hrZUZ

Нови детали за несреќата во која 61-годишен алпинист од Србија се здобил со тешки телесни повреди при искачување во реонот на старите тунели кај Демир Капија.

Според информациите од МВР, несреќата се случила на 21 ноември, а во 13:35 часот случајот бил пријавен во ОВР Неготино.

— реклама —

С.Ж., кој е главен инструктор во планинарското спортско друштво „Стена“ од Белград, се искачувал по веќе поставена алпинистичка насока заедно со уште шестмина алпинисти од Србија.

— реклама —

Во текот на искачувањето, тој посочил дека карпите се кршливи и лизгави. Во еден момент се откорнало парче од карпата, по што алпинистот ја изгубил потпората и паднал.

Неговиот колега А.Т., кој го обезбедувал со јаже, успеал да го задржи на висина од околу 15 метри над земјата, спречувајќи го падот да заврши со уште потешки последици.

— реклама —

При падот, 61-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Велес.

— реклама —

Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

media-libraryh1247bhb9fevcKSkuBs

Херојска интервенција на специјалците: „Волци“ спасија алпинист од стрмните карпи кај Демир Капија

Припадниците на Баталјонот на специјални сили „Волци“ успешно спровеле сложена спасувачка акција за евакуација на тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија.Како што информираат од Армијата на Република Македонија, акцијата се случила за време на редовна напредна обука за планински операции, кога припадниците на специјалните сили добиле известување за несреќа во непосредна близина.Станувало збор за цивилно лице кое паднало при качување по карпи и се здобило со тешки т

Македонија | пред 2 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryse119jqmnevc2FHbEHT

Се скарале, па се обидел да нападне со моторна пила, другиот употребил дрвен предмет

Македонија | пред 6 минути

— реклама —
media-library35bmmosm59i9dYjJY5q

Жена од Паланка пријавила дека членови на семејството кое ги имаше кравите ја натепале и ѝ нанеле скршеница

Македонија | пред 20 минути

media-library1mf4i5o2oikv8Ad7wr4

Навивачи на „Војводи“ и „Комити“ приведени кај Слепче, го нападнале возачот на автобусот и полицаец

Македонија | пред 30 минути

media-libraryir0lrnvfjvgi6YVceHu

Без возачка, пијани или со забрана за возење: 15 возачи приведени за едно деноноќие

Македонија | пред 31 минута

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања