Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Херојска интервенција на специјалците: „Волци“ спасија алпинист од стрмните карпи кај Демир Капија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 28 минути -

Македонија
media-libraryh1247bhb9fevcKSkuBs

Припадниците на Баталјонот на специјални сили „Волци“ успешно спровеле сложена спасувачка акција за евакуација на тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија.

— реклама —

Како што информираат од Армијата на Република Северна Македонија, акцијата се случила за време на редовна напредна обука за планински операции, кога припадниците на специјалните сили добиле известување за несреќа во непосредна близина.

Станувало збор за цивилно лице кое паднало при качување по карпи и се здобило со тешки телесни повреди на исклучително стрмен и непристапен терен.

— реклама —

Припадниците на „Волци“ веднаш организирале спасувачка акција. На повредениот му била укажана прва медицинска помош на местото на несреќата, по што со помош на специјализирана алпинистичка и спасувачка опрема бил безбедно извлечен од непристапниот терен и пренесен преку реката.

— реклама —

По извлекувањето до пристапна локација, алпинистот бил предаден на екипите на Итната медицинска помош за понатамошно згрижување и лекување.

Од Армијата посочуваат дека успешната интервенција уште еднаш ја потврдува високата обученост, професионалноста и подготвеноста на припадниците на Баталјонот на специјални сили за дејствување во сложени и ризични услови.

— реклама —

Акцијата, како што наведуваат, е потврда и за нивната пожртвуваност и решителност, како и за подготвеноста да интервенираат во најпредизвикувачки ситуации во служба на граѓаните и заштитата на човечките животи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

366531169_1034322597890552_6490382837454383521_n

Платите на вработените во Армијата и одбраната се зголемуваат за 10%

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library2ok69b4epfng3E052fo

Синдикатот на професионалните војници најави протест пред Владата: „Доста е од ветувања“

Македонија | пред 1 месец

366543877_1034322614557217_5242194736722340467_n

Јавен обвинител од Штип вршел притисок врз војник да ја повлече тужбата против 14 старешини, алармира Независниот синдикат на професионални војници

Македонија | пред 8 месеци

siljanovska-davkova-arm-1

Мисајловски најави 300 нови војници во Армијата

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања