Промени тема
Контакт

65 случаи на вирусот Западен Нил во Грција, шестмина починаа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD
unsplash

Грција бележи зголемување на бројот на случаи на вирусот Западен Нил, а само во изминатата недела се регистрирани 23 нови заразени, соопшти Грчкиот национален институт за јавно здравје.

— реклама —

Заклучно со 5 август, во земјата се потврдени вкупно 65 случаи на инфекција. Најголем број од нив се регистрирани во Глифада, а најпогодени региони се Атика и Тесалија.

— реклама —

Од вкупно 65 заразени, кај 54 лица се развиле тешки компликации на централниот нервен систем, меѓу кои енцефалитис и менингитис, пренесува „Катимерини“.

Досега се регистрирани шест смртни случаи, сите кај пациенти постари од 65 години, кои развиле компликации поврзани со инфекцијата.

— реклама —

Во моментов во болница се лекуваат 20 пациенти, од кои осум се на интензивна нега, додека четворица се на одделение за интензивно лекување.

— реклама —

Вирусот Западен Нил најчесто се пренесува преку убод од заразен комарец и не се пренесува директно од човек на човек. Здравствените власти препорачуваат користење репеленти, носење облека со долги ракави и избегнување престој на отворено во периодите кога комарците се најактивни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryccbvsdjasemia8W2AvY

Важно за Македонците кои патуваат кон Грција: Вечерва се затвора дел од обиколницата кај Солун

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryhgevo332isba8jXMWHR

Голем пожар во кафуле во Атина, евакуирани станарите од зградата

Балкан | пред 6 дена

media-libraryj5js5dh1ucr2aPgxRfG

Американската амбасадорка во Грција лобирала за продажба на американски гас низ Балканот

Балкан | пред 6 дена

media-libraryqu8l73q8e6ol5Ij5yxe

(Видео) Снимал како „лета“ со 310 км/ч на автопатот кај Солун, па снимката ја објавил на ТикТок

Настани | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања