Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

65 случаи на западнонилска треска во Македонија, најмногу во Драчево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2
Photo by National Institute of Allergy and Infectious Diseases on Unsplash

Бројот на случаи на западнонилска треска во Македонија достигна 65, а осум лица починале, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје заклучно со 15 септември. Најголемо жариште останува Скопје, каде што се регистрирани 60 случаи.

— реклама —

Најголема концентрација има во општина Кисела Вода, особено во Драчево, како и на подрачјето на Гази Баба. Надвор од Скопје, по два случаи се регистрирани во Велес, а по еден во Куманово, Свети Николе и Кавадарци.

Од вкупно 65 случаи, 60 се лабораториски потврдени, а пет се водат како веројатни. Епидемиолошката истрага покажала дека 64 инфекции се автохтони, додека едно лице престојувало во Грција во периодот на инкубација.

— реклама —

Меѓу заразените има значително повеќе мажи – 51, односно 78,5 отсто, додека жените се 14 или 21,5 отсто.

— реклама —

Кај 63 лица се развила невроинвазивна форма на болеста, поради што биле хоспитализирани. Од нив, 61 пациент бил лекуван на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а по еден во приватните болници „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“. Осум пациенти со невроинвазивна форма починале.

ИЈЗ посочува дека епидемиолошкиот надзор, контролата на комарците и личната заштита од убоди се клучни мерки за спречување на ширењето на болеста.

— реклама —

Во меѓувреме, Град Скопје од 16 до 19 септември спроведува терестична дезинсекција против возрасни комарци. Прскањето е предвидено од 22 до 3 часот, доколку временските услови го дозволуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на 12

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Западнонилската треска се шири кон северот на Европа, пријавени 1.715 случаи

Свет | пред 2 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви во земјава се искачи на 11

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште една жртва на западнонилска треска

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања