„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

7 години од смртта на првиот претседател на Р Македонија - Киро Глигоров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
gligorov

Пред 7 години во својот дом во Скопје, на 95 години, почина првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.

— реклама —

Глигоров за претседател на Република Македонија беше избран на 27 јануари 1991 година, од страна на Собранието на Република Македонија, а по втор пат на 19 ноември 1994 на претседателски избори. Функцијата претседател на Република Македонија ја вршеше до 19 ноември 1999 година.

Во текот на своите два мандати ја промовира политиката на „eквидистанца“ кон сите соседи на земјата: Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција и Албанија. За време на неговиот мандат се случиja некои од најважните настани од современата историја на Република Македонија: на референдум на 8 септември 1991 бeше прогласена независноста на земјата, а Македонија беше и единствената од поранешните југословенски републики која се осамостои по мирен пат. На 17 ноември 1991 беше донесен новиот Устав, а на 8 април 1993 година Република Македонија стана 181 членка на Обединетите нации.

— реклама —

На 3 октомври 1995 година врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров беше извршен атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. Нападот беше извршен со автомобил-бомба на улицата „Македонија“ во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија. Досега не се откриени ни нарачателите, ниту, пак, извршителите на атентатот, а истрагата е се уште отворена.

Во текот на неговата политичка активност, Киро Глигоров беше одликуван со повеќе ордени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања