Промени тема
Контакт

7 години СДСМ не направи ништо за да го намали загадувањето, напротив решија да бидат измеќари на лоповлукот на ДУИ, врати ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
sdsm-novo-rakovodsvo

„СДС продолжува со лаги, 7 години не направи ништо за да го намали загадувањето, напротив решија да бидат измеќари на лоповлукот на ДУИ“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ и додава:

СДС продолжува со лаги и манипулации за да го прикрие својот неуспех во последните 7 години.

— реклама —

СДС, која имаше целосна власт со убедливо мнозинство цели седум години, не направи ништо за да го подобри животот на граѓаните. Наместо да се фокусираат на решавање на проблемите со загадувањето, инфраструктурата, здравството, образованието, платите и пензиите, тие одбраа да бидат слуги на ДУИ и на Артан Груби, вовлекувајќи ја државата во корупција и институционален колапс.

СДС имаа 7 години власт и убедливо мнозинство да носи закони, амандмани, мерки, не само за загадувањето туку и за подобар живот, стандард, повисоки плати и пензии, подобра инфраструктура, здравство, образование, поквалитетен живот. Но тие одлучија дека треба да се измеќари на ДУИ и на Артан Груби и да се впуштат во лоповлук и да соучествуваат во уништувањето на институциите и банкротот на државата, секако сето ова под знамето на Европскиот фронт.

Денес, со цел да манипулираат, нудат популистички амандмани за кои знаат дека се неизводливи, надевајќи се дека ќе го потценат народот.

— реклама —

Сега лажно нудат амандмани знаејќи дека се неизводливи, повторно обидувајќи се да го потценат народот. СДС не само што не се менува туку тоне во својот карактер исполнет од личности кои се дел од сите лоши работи кои ни се случуваа како држава сите изминати 7 години.

Податоците се фрапантни – изминатите години, под власта на СДС, беа обележани со масовно иселување на Македонците, Албанците и останатите граѓани на државата.

— реклама —

Според последните истражувања тоа биле години со најмногу раселени Македонци во историјата, што значи СДС има направено егзодус на Македонците, но заедно со ДУИ и на Албанците и останатите. Погледнете ги бројките, фрапантни се.

Ова јасно покажува дека СДС не само што не се промени, туку продолжува да тоне во својот карактер исполнет со неспособност, корупција и сервилност кон криминалните кругови.

Оттука, не им порачуваме да се засрамат, знаеме – оперирани се од срам, немаат образ, туку ќе им порачаме: ќе видите на следните избори со вакво однесување што ќе ве снајде од народот. Престанете да го потценувате и престанете да сте слуги на ДУИ и на матните политичко-криминални кругови на вашата партија.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ има план за долгорочно решение на загадувањето, преку конкретни мерки и капитални проекти. За тоа, за жал, е потребно време, посебно од ситуација каква што е наследената од СДС и ДУИ. Но ние работиме посветено на оваа тема. Загаденоста е клучен и приоритетен проблем на државата и мора да се реши.

ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од СДС, останува посветена на реални, долгорочни и одржливи решенија за подобар живот на сите граѓани. Продолжуваме да работиме за чист воздух, модерна инфраструктура, квалитетно образование и здравство, и за економски раст кој ќе овозможи достоинствен живот за сите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 3 дена

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања