Најниската утринска температура денеска е измерена на Попова Шапка, каде што живата во термометарот се спушти до –7 степени. Под нулата беше и во Берово и Маврови Анови (–4), Крушево (–3) и Крива Паланка (–2). Во Скопје температурите се движеа околу нулата, додека најтопло утрово беше во Гевгелија со 3 степени.
Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Гевгелија – 26 литри на метар квадратен, потоа во Демир Капија (20) и Струмица и Маврови Анови (по 17). Значителни количества дожд наврнаа и во Скопје, Кавадарци, Берово, Велес и Тетово.
Снежната покривка е највисока на Попова Шапка и изнесува 50 сантиметри, додека во Маврови Анови се измерени 14 сантиметри. Снег има и во Берово (5) и Ѓуриште (2 сантиметри).