„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

70 години од Универзалната декларација за човекови права – правниците дискутираа за заштита и унапредување на човековите права

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

min-pravda

По повод 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права и 70-годишнината од Универзалната декларација за човекови права денеска се одржа конференција со наслов „70 години од Универзалната декларација за човекови права: Улогата на адвокатите за заштита и унапредување на човековите права“. Конференцијата ја организираше Адвокатската комора на Република Македонија, во партнерство со Амбасадата на САД во Македонија.

— реклама —

Поздравен збор имаа претседателот на Адвокатската комора на РМ, Љубомир Михајловски, министерската за правда, Рената Дескоска и американскиот амбасадор Џес Бејли.

Во поздравните говори беше истакнато значењето на Универзалната декларација за човековите права, која е донесена на 10 декември 1948 година во Париз од страна на Генералното собрание и која претставува своевидна меѓународна магна карта за сите луѓе во светот. Битката за човековите права, беше истакнато на конференцијата, е најсветата битка на секој од нас.

— реклама —

Примарна цел на адвокатите е заштитата на човековите права, кои се гарантирани во домашното и конвенциското право и особено во Универзалната декларација, во која, меѓу другото, се пропишува:

„Секој има право на живот, слобода и сигурност на личноста и сите луѓе се исти пред законот и имаат право на еднаква законска заштита. Сите имаат право на еднаква заштита од секаков вид дискриминација што ја повредува оваа декларација и од секакво поттикнување таков вид дискриминација.

Секој кој е обвинет за казниво дејствување има право да важи за невин сè додека неговата вина не биде докажана во јавна постапка во согласност со законот, при што ги добива сите гаранции нужни за неговата одбрана.

Никој не смее да биде казнет за дејство или потфат кои во времето на неговото изведување не претставувале казниви дела според националното и меѓународното право. Исто така, не смее да биде изречена потешка казна од онаа што се заканува во моментот на изведување на казнивото дело.“

Министерката за правда на денешниот настан посочи дека целта на правдата секогаш се човековите права. Тие им даваат моќ на индивидуите и наметнуваат основни стандарди за вршење на државните активности. Власта, додаде Дескоска, е легитимна додека ги штити човековите права. И таа битка за заштита на човековите права не е битка само на власта, ниту на активистите, политичарите, партиите. Во таа битка мора да сме сите заедно, рамо до рамо.

Министерката Дескоска испрати порака до сите граѓани на Република Македонија  цитирајќи ја „првата дама на светот“: „Човековите права треба да ги бараме насекаде околу нас, во домот, во соседството, во училиштето, на работното место. Тие се местата каде што треба да бараме еднаква правда, еднакви можности, почитување на достоинството без дискриминација. Ако човековите права не се почитуваат тука, во секојдневна средина во која живееме и работиме, тие го губат значењето. Ако не си ги обезбедиме правата во секојдневниот живот, залудно ќе бараме напредок во пошироката заедница, или ќе се бориме за прогрес во светот.“

Конференцијата се заокружи со темата за правното зајакнување на маргинализирани заедници, за бесплатната правна помош  и за про боно заштитата, за кои говореше Нада Наумовска, постара програмска координаторка на Фондацијата Отворено општество.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања