Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

70 случаи на западнонилска треска во Македонија, прв случај регистриран во Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library8cd0jpv0aak195JEOFQ
Photo by National Institute of Allergy and Infectious Diseases on Unsplash

Скопје и понатаму има најголем број регистрирани случаи на западнонилска треска, но заболувањето е евидентирано и во уште неколку градови низ Македонија. Според податоците на Институтот за јавно здравје, заклучно со 22 септември во земјата се регистрирани вкупно 70 случаи.

— реклама —

Од нив, 65 случаи се потврдени, а пет се класифицирани како веројатни, согласно дефиницијата на случај.

Најголем дел од заболените се од Скопје, каде што се евидентирани 63 случаи. Во Велес има три случаи, а по еден случај е регистриран во Куманово, Свети Николе и Кавадарци. Воедно, ИЈЗ го регистрирал и првиот случај на западнонилска треска во Тетово.

— реклама —

Од вкупниот број, 69 случаи се автохтони. Еден случај е поврзан со патување во Грција, но според податоците, инкубацискиот период опфаќа и престој во Македонија.

— реклама —

Меѓу заболените преовладуваат мажите – 52 случаи или 74,3 проценти, додека кај жените се регистрирани 18 случаи, односно 25,7 проценти.

Најзастапена е возрасната група над 60 години, во која се регистрирани 57 случаи или 81,4 проценти од вкупниот број. Седум случаи се кај лица на возраст од 50 до 59 години, два кај лица од 40 до 49 години, еден кај лице од 30 до 39 години и три случаи кај лица на возраст од 20 до 29 години.

— реклама —

Просечната возраст на заболените изнесува 66,5 години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на 12

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Западнонилската треска се шири кон северот на Европа, пријавени 1.715 случаи

Свет | пред 2 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви во земјава се искачи на 11

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште една жртва на западнонилска треска

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања