„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

72-годишен Македонец во јакна и торба криел пари, одземени му се 148.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
evra

На 72-годишен македонски државјанин на граничниот премин Прешево-Табановце трајно му се одземени 148.000 евра, што српските цариниците ги пронајдоа во автомобилот „Мерцедес“ со германски таблички со кој од Германија патувал во РС Македонија за време на викендот.

— реклама —

Како што соопшти Царинската управа на Србија, тој на границата изјавил дека нема што да пријави, освен лични работи и дозволените 10.000 евра, но со детален преглед открини се вкупно 158.000 во апоени од 500 и 200 евра во јакна на задното седиште на „Мерцедес “ и во торба под седиштето на автомобилот.

— реклама —

-10.000 евра веднаш се вратени на патникот, колку што според важечките прописи на Србија и ЕУ можат да се пренесат во готово преку границата, додека за преостанатата сума одлука донесе надлежниот суд по итна постапка. Патникот е казнет и трајно му се одземени 148.000 непријавени евра во корист на државниот буџет на Србија, соопштија од Царината.

Тие потсетуваат дека „преку границата дозволено е да се пренесуваат до 10 000 евра“, и дека износите над оваа сума „мора да бидат пријавени кај царинските органи, со валиден доказ за потеклото на парите“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања