Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

72-годишен турски државјанин со фалсификуванa потврдa за ПЦР тест сакал да помине на скопскиот аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
aerodrom-1-219117

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 72-годишен државјанин на Република Турција кој се товари дека извршил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 9 април, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетиот употребил како вистинска лажна исправа – медицински сертификат за негативен ПЦР тест на SARS-COV-2 вирусот. Иако знаел дека документот е лажен, односно дека на 7 април не се тестирал во наведената лабораторија во Скопје, тој се обидел да ја напушти државата, употребувајќи го сертификатот пред овластените службени лица на аеродромот.

За истото кривично дело поведена е постапка и против двајца македонски државјани, маж и жена од Чегране, кои со лажна потврда за негативен ПЦР тест се обиделе да ја напуштат државата на 13 март. За нив надлежен јавен обвинител до Судот достави Предлог за издавање казнен налог со кој на Судот му предложи да им изрече парична казна од по 100 дневни глоби, а поединечната вредност на дневната глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања