Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

„73% од граѓаните имаат плата под просекот, Мицкоски го урниса животниот стандард“, вели Цветановски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarya9v1117hm0h16AMTqSh

На денешната прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски обвини дека животниот стандард на граѓаните е значително влошен во изминатите две години, посочувајќи дека најголем дел од вработените не можат да ги покријат основните животни трошоци.

— реклама —

Цветановски изјави дека според податоците на Управата за јавни приходи за 2025 година, 73 отсто од граѓаните примаат плата пониска од просечната месечна плата во државата.

— реклама —

Таа наведе дека околу половина од вработените остваруваат месечни примања меѓу 24.000 и 36.000 денари и оцени дека, во споредба со минималната потрошувачка кошничка, ниту две такви плати не се доволни за покривање на основните трошоци на едно семејство.

Според Цветановски, растот на платите не го следи растот на цените, додека храната, комуналните трошоци и останатите основни производи стануваат сè поскапи. Таа ја критикуваше Владата и поради тоа што, според СДСМ, не ја зголемила минималната плата на 600 евра.

— реклама —

Од СДСМ предупредија дека новото поскапување на горивата дополнително ќе влијае врз цените на храната и ќе го зголеми притисокот врз семејните буџети.

— реклама —

Партијата оцени дека актуелните економски политики довеле до пад на животниот стандард и влошување на економската состојба на граѓаните.:::

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryj16lh59idrf95MKKOoz

(Видео) Цветановски: Доста е со лаги, граѓаните ја заслужуваат вистината, а не партиски ПР – објавете ги записниците

Македонија | пред 1 месец

media-librarya5kojrj75ifc2Ggbu2O

Симона Цветановски: МВР не го гони криминалот, туку го штити криминалот на власта

Македонија | пред 1 месец

media-library0sh1d4pc81n18qL3EmQ

,,Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата - народот живее полошо и нема пари", вели Цветановски

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања