Промени тема
Контакт

(Видео) Цветановски: Доста е со лаги, граѓаните ја заслужуваат вистината, а не партиски ПР – објавете ги записниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryj16lh59idrf95MKKOoz

Преку објава на социјалните мрежи, членот на Извршниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП), Дејанчо Цветановски, реагира на, како што наведува, тврдењата дека текстот на измените на Изборниот законик бил усогласен, оценувајќи дека станува збор за манипулации со јавноста.

Во објавата, Цветановски наведува дека ЛДП бара целосна транспарентност и повикува јавно да бидат објавени сите записници од работната група за измените на Изборниот законик, како и сите поднесени предлози и амандмани.

„ЛДП нема што да крие, ниту некогаш имала. Сè нека се стави на увид на јавноста, па граѓаните сами да видат кој зборува со факти, а кој фабрикува реалност“, наведува Цветановски.

— реклама —

Во објавата тој оценува дека пласирањето, како што вели, „очигледни невистини како готови факти“ е опасно и може да предизвика поделби во општеството, поради што повикува медиумите да се придржуваат до фактите и да се стави крај на политичките манипулации.

— реклама —

„Македонија заслужува искреност во политиката како единствена основа за реален прогрес. Граѓаните заслужуваат чист процес, а тоа започнува со вистината на маса“, се наведува во објавата на Цветановски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya9v1117hm0h16AMTqSh

„73% од граѓаните имаат плата под просекот, Мицкоски го урниса животниот стандард“, вели Цветановски

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarya5kojrj75ifc2Ggbu2O

Симона Цветановски: МВР не го гони криминалот, туку го штити криминалот на власта

Македонија | пред 2 месеци

media-library0sh1d4pc81n18qL3EmQ

,,Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата - народот живее полошо и нема пари", вели Цветановски

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања