Промени тема
Контакт

7.500 домаќинства ќе добијат намалување на месечната сметка за струја, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Со брза и навремена реакција, Владата предводена од СДСМ успешно спречи ценовен шок за граѓаните и драстично зголемување на цената на струјата, вели СДСМ.

„Мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија придонесе цената на струја да се зголеми за 9,48% што е далеку помалку од првичните проекции.

Притоа, евтината тарифа на струјата како и евтината тарифа во недела ќе се задржат, а дополнителни рестрикции нема да има.

Економијата е стабилна и ликвидна, државата е подготвена да им помогне на граѓаните и компаниите во надминување на овој предизвик.

— реклама —

За граѓаните од ранливите категории обезбедени се 60 милиони денари со Програмата за заштита на потрошувачите на електрична енергија.

— реклама —

Околу 7.500 домаќинства со ниски примања во времетраење од 12 месеци ќе добијат намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 или 800 денари месечно, во зависност од големината на домаќинството.

За разлика од Владата предводена од СДСМ која посветено работи на креирање мерки со кои ќе се намалат последиците од енергетската криза, ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски одмага со лаги и дезинформации во врска со кризата за да создаде паника кај граѓаните.

— реклама —

Мицкоски лажеше дека цената на струјата ќе биде зголемена до 40%, за да ја искористи кризата за евтини политички поени, не водејќи никаква грижа за граѓаните.

СДСМ како одговорна партија која се грижи за граѓаните продолжува со спроведување на мерки кои ги ублажуваат последиците предизвикани од енергетската криза“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања