Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

77 години од ослободувањето на Ѓорче Петров - Стојокски: Славата е нивна, слободата е заедничка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
255457076_2957356577866130_3563839806436507872_n

По повод 77 годишнината од ослободувањето на Ѓорче Петров, градоначалникот Александар Стојкоски оддаде почит со положување на свежи цвеќиња на спомен обележјето на паднатите борци во НОБ. Тој напиша: „Славата е нивна, слободата е заедничка“. Претставници на политички партии и граѓански организации, како и Здружението на борци, исто така беа дел од одбележувањето на овој голем ден за Ѓорче Петров.

— реклама —

„Нека ни е честит и вековит 14ти Ноември – Денот на ослободување на Ѓорче Петров. Овој ден е можност да се потсетиме на борбата и непокорот и да си ветиме дека заеднички ќе ја продолжиме заложбата на храбрите борци. Нема слобода без борба и нема успех без единство, слога и заедништво. Борците на македонската војска кои пред 77 години се бореле во антифашистичката борба, се нашите херои денес, а нивните имиња со златни букви се испишани на спомениците низ Ѓорче Петров: во паркот, во Кучково, Волково, Ново Село, Орман. Славата е нивна, а слободата е заедничка. Токму заради единството, храброста и заложбите на борците ние денес живееме во слободно и демократско општество“, напиша Стојкоски.

— реклама —
— реклама —

Тој додаде дека со одбележувањето на 77 години од ослободувањето на Ѓорче Петров, денес се сеќаваме на борбата за слобода, но и на обврската истата да ја браниме денес, да ги почитуваме и негуваме споменот и долгот кон традициите и кон борците од сите времиња.

— реклама —

„Денес, во нашите современи битки се бориме за зачувување на историјата, на јазикот и на државата. Тоа се постулати за нашето слободно чекорење напред, на решавање на проблемите на граѓаните, реализирање на проекти, урбанизирање и модернизирање на општината и на работење за доброто на нашиот народ. Нашите современи битки ќе бидат нашите заеднички победи. Мојата работа и работата на мојот тим е да овозможиме услови за убави денови во којшто слободни и среќни ќе ги остваруваат своите соништа. Преку заедничка работа со граѓаните, да ги претвориме зборовите во дела чиј благодет ќе го почувствуваме сите заедно. Само преку заедничка и напорна работа еден ден и ние ќе оставиме историја со која поколенијата ќе се гордеат. Чест ми е што имам можност да сум дел од тоа. Ѓорче го чекаат подобри времиња, а новата иднина е нашиот сон за времето кое доаѓа“, изјави Стојкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања