Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

80 ученици и студенти со попреченост од Скопје ќе користат организиран превоз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
MAD_9632

За ученици и студенти со попреченост е обезбеден организиран превоз од нивното место на живеење до средните училишта и факултетите во Скопје каде што учат и студираат и назад, со адаптирани возила, за што Градот Скопје и ЈСП склучија договор. Станува збор за активност на Градот Скопје што е во согласност и со Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита во град Скопје, за 2022 година.

— реклама —

Организираниот превоз на учениците и студентите со попреченост кои следат настава во средните училишта или факултетите во Град Скопје се реализира со адаптиран автобус и минибус комбе. Возилата се комплетно адаптирани на потребите на корисниците со можност за влез на инвалидска количка и други додатоци.

Вкупно 80 ученици и студенти со попреченост го користат овој вид превоз.

— реклама —

Здружението на студенти и младинци со попреченост директно со целната група и возачите прави неделен распоред и организира маршрути.

Градот Скопје е посветен на значително подобрување на квалитетот на живеењето на студентите и младинците што припаѓаат на оваа ранлива група, за да се овозможи поголема мобилност, полесен пристап на лицата со попреченост до училиштата и факултетите, вклучување во редовниот образовен процес и обезбедување самостојност и независност во движењето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања