Општина Ѓорче Петров доделува по 8.000 денари финансика поддршка за секое новородено дете.
- Продолжуваме со зголемена грижа и поддршка за најмладите и нивните семејства. Од оваа година, секое новородено добива 8.000 денари финансиска поддршка - конкретна помош во најубавите, но и најодговорни моменти за секое семејство. Ова не е само финансиска мерка, туку јасна порака дека семејството, децата и иднината се наш приоритет, порача првиот човек на општината Александар Стојкоски.
Додава дека како општина продолжуваат со политики што носат сигурност, грижа и поддршка - таму каде што е најважно.