Промени тема
Контакт

8.000 починати луѓе од ковид е тажна и ужасна бројка за сите нас, вели Ѓорчев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
Gjorcev-02.09

Македонија предводена од Владата на Зоран Заев и Венко Филипче дојде до 8.000 починати лица од КОВИД, вели Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е огромна бројка. И тоа не се само обични бројки туку луѓе, судбини и семејства.

— реклама —

Македонија има најголема смртност во регионот. Илјадници и илјадници семејства во Македонија ја поминаа голготата на овој катастрофален здравствен систем на Зоран Заев и Венко Филипче, каде што нема кревети, нема лекови, нема кислород, нема Брза помош.

Македонија беше последната земја во Европа која што доби вакцини, последната земја во Европа.

Резултатот е катастрофален. Резултатот е фијаско и дебакл.

— реклама —

8.000 починати луѓе од КОВИД, тоа е тажна и ужасна бројка за сите нас“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања