Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

83 години од Ваташкиот масакр – злосторство што Македонија не го заборава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryrnd9r2hat1228p6GjGK
Wikipedia

На денешен ден, 16 јуни 1943 година, во месноста Моклиште кај Ваташа беше извршен Ваташкиот масакр – едно од најтешките злосторства врз цивилното население во Македонија за време на Втората светска војна.

— реклама —

Во рамките на Јунската непријателска офанзива, со цел да го задуши народноослободителното движење, бугарскиот фашистички окупатор стрелаше 12 младинци од Ваташа, на возраст од само 15 до 27 години. Претходно, тие биле приведени, испрашувани и малтретирани под сомнение дека им помагале на партизанските одреди.

— реклама —

Утрото на 16 јуни селото било блокирано од војска и полиција. Младинците биле одведени во месноста Моклиште, каде што девојките биле издвоени, а врз момчињата бил отворен оган од митралези и пушки. Според сведоштва и записи од тогашниот Главен штаб на НОВ и ПОМ, телата на жртвите биле дополнително обезличени со бајонети.

— реклама —

По завршувањето на војната, главните организатори и извршители на злосторството биле изведени пред суд и осудени. Во чест на 12-те стрелани младинци, во Ваташа е изградена спомен-костурница, а на местото на стрелањето е подигнат спомен-парк со 12 јавори – симбол на прерано згаснатите млади животи.

— реклама —

Ваташкиот масакр останува траен потсетник на страдањата во војната и на цената што ја плати македонскиот народ во борбата против фашизмот. Сеќавањето на ваташките младинци продолжува да живее како опомена никогаш да не се заборават жртвите и ужасите на минатото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-06-16-at-11.11.10

(Видео) Се навршуваат 82 години од стрелањето на 12-те младинци во Ваташа – вечен симбол на отпорот и жртвата

Македонија | пред 1 година

— реклама —
Mitko-Jancev-16.06.2023

Јанчев: Во чест на ѕверски убиените деца во Ваташа отворивме 12 бисти, знаеме да простиме, но простување со извинување и поклон пред бистите

Македонија | пред 3 години

20230616082317

Одбележани 80 години од невидениот масакр врз дванаесет млади Македонци од селото Ваташа

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања