Промени тема
Контакт

856.831.838,00 денари изнесува долгот на Општина Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Pecakov-1

Единствената најважна работа во рецептот за успех е транспарентноста, бидејќи транспарентноста гради доверба. Во таа смисла, но и во насока на оправдување на довербата што охриѓани ми ја дадоа имам обврска да ги информирам за состојбите во општина Охрид и Јавните претпријатија.

Вака градоначалникот Кирил Пецаков, ја започна денешната прес-конференција на која го обелодени долгот на општината и охридските јавни претпријатија.

-Бидејќи личната моја определба е да градиме Локална самоуправа базирана на доверба со граѓаните, која ќе биде нивни сервис, на оваа прес конференција сакам да ги споделам фактите со граѓаните на Охрид за тоа во каква финансиска состојба ја затекнав општинската каса.

За разлика од моите претходници, кои во ниеден момент не дадоа отчет за сработеното, нити за финансиската состојба, јас и моите соработници од првиот ден се одлучивме на отворена општина, без ниедна тајна информација за тоа како се трошат парите на граѓаните.

— реклама —

Тука мора да потенцирам, дека за жал, она што претходно беше пласирано во јавноста за тоа во каква финансиска состојба се наоѓа општина Охрид, ни приближно не содејствува со реалната состојба.

— реклама —

Согласно физибилити студијата од 5.7.2021 година која беше презентирана пред советниците од Советот на Општина Охрид, се кажува дека вкупниот тековен долг по сите основи изнесува 296 милиони денари. Од тој момент до 8.11.2021 година, долгот на општина Охрид се зголемил за фрапантни 494.291.778,00 денари, речиси двојно од тоа што бил и сега вкупниот долг изнесува 856.831.830,00 денари. Сакам тука да нагласам дека во 2019 година, после финансиската помош од Владата на Република Македонија за раздолжување на општина Охрид, долгот изнесувал 530.000.000,00 денари.

Тоа значи дека во самиот предизборен период, односно пред почеток на изборната кампања и во текот на истата, долгот на општина Охрид нараснал за феноменални нешто повеќе од 8 милиони евра, истакна Пецаков и напомена дека сето тоа е резултат, првенствено на недомаќинското работење, предимензионирање на буџетот, одвојување големи суми за времени вработувања, трансфери кон невладини организации и медиуми.

— реклама —

-Само во последните две ставки, трансферите од претходната година до оваа се разликуваат за дополнителни 250.000,00 евра. По основ на обврски по склучени договори општина Охрид должи 66.540.052,00 денари, околу 1 милион евра треба да се платат за договори кои се реализирале или воопшто не е почната нивна реализација, рече Пецаков.

Тој нагласи дека оваа сума е пресметана според договорите, додека реалната веројатно би била поголема.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања