Магазин

„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија

Клер Симон со новиот филм „Младешка осаменост“ фрла светлина врз ранливоста на група тинејџери од зафрлените париски предградија кои отворено зборуваат за сопствените искуства, кој од денеска почнува да се прикажува во киносалите ширум републикава.

Со патики на нозете, слушалки на ушите и протези на забите, тие ги прават нивните први чекори во светот на возрасните. Нивното детство брзо останува во минатото, а со тоа и нижењето на спомени – понекогаш среќни, понекогаш болни. Во сегашноста, во меѓувреме, се вртат прашањата за иднината за оние чии домови се непоправливо уништени поради некомуникација: животот на 16,17 и18-годишниците може понекогаш да се чини како рај, но исто така и како пекол.

Овие тинејџери се во фокусот на француската режисерка Клер Симон во „Младешка осаменост“, документарен филм кој следи група тинејџери во нивната претпоследна година во едно средно училиште во околината на Париз . Филмот имаше премиера во програмата „Форум“ на 68-тиот Берлински филмски фестивал.

Филмот е во копродукција на продукциската куќа „Софи Дулак “ во копродукција со „Картаж филмс“, а француската „Вајд хаус“ е продажен агент.

Компанијата „КТ Филм и Медиа“ е дистрибутер за Македонија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток