Македонија

Унгарско МВР: Не знаеме како Груевски стигнал во Унгарија

Министерството за внатрешни работи на Унгарија нема информации за тоа од кои земја и низ кои гранични премини поранешниот премиер Никола Груевски влегол во таа земја, се вели во писмениот одговор на МВР на Унгарија, на барање за Радио Слободна Европа.

Унгарската полиција на барање за пристап до информации од јавен карактер, се изјасни дека немаат информации за тоа зошто и дали Груевски користел дипломатски автомобил, како и каде Груевски го поднел барањето за политички азил.

Во официјалниот одговор на унгарското МВР на Ради Слободна Европа, потпишан од заменик-државниот секретар за координација и управување, се наведува дека: “одговорите на барањата Министерството за внатрешни работи не ги поседува.”

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток