Македонија

Одговорните во УБК, од институцијата направија кочина, рече сведокот Боксер

На денешното рочиште, на предлог на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа како сведок во судница се појави Дејан Димковски-Боксер. Сведокот потврди дека обвинетиот Василевски, освен како Нинџа, го знае и како Самурај. Не можеше да тврди дека е од УБК, но потврди дека бил анагажиран за оперативни акции.

Боксер денес пред судот се пожали дека поради настаните од 27 април бил невработен, а претходно бил дел од УБК. Зборуваше и за тоа дека тогашниот директор на УБК Владимир Атанасовски не застанал зад него и дека одговорните лица во оваа институција, како што рече сведокот, од УБК направиле кочина. Овој сведок зборуваше и за тоа каква неправда му била нанесена со тоа што бил избркан од УБК, но дополни дека денес му станало јасно, по толку долго време дознал зошто бил исфрлен. За него имало и потерница, а како што појасни пред судот, „за да нема циркус” сам се пријавил во полиција и дполни дека ако продолжи да зборува за тоа што му се случило, присутните ќе останеле во судница до 5 наутро.

За 27 април сведокот пред судот рече дека бил службено ангажиран и дека за тоа има службена белешка.

„Бев ангажиран од мојот претпоставен, а оперативната акција се одвиваше во еден тежок реон. Околу 17.30 часот ми се јави повторно мојот претпоставен да праша како сме, на што одговорив дека е се во ред. Тука ни рекоа да се симнуваме надолу, а имав разговор и со Владимир Атанасовски. Никола Бошкоски ме повика и реков дека сум спремен, а тој ми рече да се упатам пред Собрание од страната на Дом на АРМ и дека таму ќе ме пречека друг претпоставен”, сведочеше Боксер.

Повеќе тука

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток