Магазин

Евакуирани вработените во Си-ен-ен поради бомба

Поради закана за бомба вчера повеќе од еден час беа евакуирани канцелариите на американската телевизија Си-ен-ен во Њујорк. Маж околу 22 часот по локално време се јавил во телевизијата и рекол дека во зградата на компанијата Тајм Ворнер на Менхетен, каде што се наоѓа и редакцијата на Си-ен-ен, се поставени пет бомби.

Од полицијата соопштија дека сите зградата биле евакуирани и во неа е направена проверка од страна на единиците за детонирање бомби. За тоа време Си-ен-ен продолжи со програмата во живо од пред зградата.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток