Македонија

(ВИДЕО) Арсовски: 8-ми ден Заев и Спасовски молчат за скандалот со прислушувањето, кој ќе сноси одговорност?

8ми ден молчат од СДСМ за скандалот со прислушувањето. 8ми ден Зоран Заев и Оливер Спасовски не преземаат ништо и не ја известуваат јавноста за ништо. Очигледно нешто сакаат да сокријат, изјави Димче Арсовски на денешната прес-конференција.

„Се уште не знаеме кој прислушувал, колку разговори има, кој се ги има тие разговори, дали разговорите биле предмет на пазар и слично.
Граѓаните се уште не знаат дали можеби и Вилма Русковска е прислушувана?
Со кого разговарала Вилма Русковска во разговорите и дали има во нејзините разговори индиции и сомнеж за некаков сторен криминал?
Дали можеби од разговорите доколку ги има од Вилма Русковска ќе се дознаат многу работи кои што не и се претставени на јавноста?
За целиот овој скандал СДСМ Заев и Оливер се уште немаат одговор.
Молкот на целата Влада е само потврда на сето она во кое што се сомневаат граѓаните, а тоа е дека за овој скандал се најодговорни Заев и Оливер и дека мора да сносат одговорност и да си поднесат оставки.
Овој скандал е олицетворение на принципот на владеење на Зоран Заев и СДСМ.
Неопходни се оставките на Заев и Оливер за да не ја попречуваат истрагата за скандалот.
Оставки и тоа уште веднаш“, изјави Арсовски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток