Според порталот „360 степени“, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција. Меѓу осомничените се четири лица, вклучително и доскорешниот секретар во премиерскиот кабинет и екс генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
Се дознава дека Обвинителството предлага определување мерка притвор за Рашковски и за уште едно лице, најверојатно сопственикот и управител на фирмата која ја добила спорната јавна набавка за софтверот „Инвока гроуп“. Судот издал наредба за приведување на Рашковски, но нема потврда дека тоа веќе се случило.