Македонија

Поради магла намалена видливост на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот.

„Врнежи од снег во раните утрински часови се бележат на Попова Шапка, Страцин, планинскиот превој Стража и во Маврово. Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30 метри има на планинскиот превој Стража. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија Пат.

Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток