Снежно невреме ја погоди Северна Каролина и Вирџинија, а тоа предизвика повеќе од 300.000 луѓе да останат без струја.
U.S. winter storm knocks out power to 190,000 in North Carolina https://t.co/gGTHEF5rgh pic.twitter.com/Q0drMMpKNf
— Reuters Top News (@Reuters) December 9, 2018
Невремето исто така предизвика и хаос во сообраќајот. Поради големиот број на сообраќајни незгоди дошло до застој на патиштата, откажани се и стотина летови.
Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер апелираше граѓаните да не тргнуваат на пат и да останат дома.
DANGEROUS ROADS – Check out the road conditions earlier in Chimney Rock, NC. If you can avoid travel this evening in areas under Winter Storm Watches or Winter Weather Advisories, it's highly recommended! Stay safe! #ncwx pic.twitter.com/tkv6zqtVse
— WeatherNation (@WeatherNation) December 9, 2018
Во некои делови паднал повеќе од 30 сантиметри снег.