Македонија

Димитров и Спасовски во посета на Париз

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ќе реализираат работна посета на Париз, Франција.

За време на посетата, министрите ќе земат учество на состанокот на високо ниво на француско-германската иницијатива за борба против недозволена трговија со лесно оружје во земјите од Западен Балкан, а на покана од францускиот Министер за надворешни работи до министрите за надворешни и внатрешни работи на 6-те земји од Западен Балкан. Состанокот е предвидено да биде воден од страна на МНР на Франција, Жан-Ив Ле Дриан и МНР на Германија, Хајко Мас.

Во рамки на работната посета на Париз, предвидени се и други работни активности и средби на Димитров, меѓу кои и средби со претставници на извршната и парламентарната власт на Француската Република, како и обраќање во Фондацијата Роберт Шуман, се додава во соопштението на македонското министерство за надворешни работи.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток