Aларм за пожар го одложи почетокот на денешните рочишта за случаите „Монструм“ и „27 април“.
Од судот соопштија дека станува збор за технички проблем поради што судењата се одложуваат за после 11 часот. Најверојатно станува збор за проблем со алармниот систем во зградата.