Македонија

Го измамил дека ќе го вработи во Германија и му земал 4000 евра

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.К.(31) од Неготино, за сторено кривично дело „измама”.

Во период од  19.09. 2018 до 26.09.2018 година, со лажно претставување дека е директор кој раководи со проекти за вработување во Република Германија и дека ќе му обезбеди работа во Р. Германија, пријавениот довел во заблуда 42 годишно лице од село Моштица, Македонска Каменица и го навел во повеќе наврати на две трансакциски сметки на негово име да уплати парични средства, со што се стекнал со противправан имотна корист од 241.590 денари.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток