Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.Х.(52) од село Вруток, гостиварско, за сторено кривично дело ,,уништување или оштетување на јавна инсталација“.
На 08.11.2018 година околу 16,00 часот во село Долна Бањица, гостиварско, пријавениот управувајќи товарно моторно возило за пренос на бетон, сопственост на фирма при движење со истото оштетил кабел на јавната електрична инсталација, поради што настанал прекин на напојувањето со електрична енергија на околу 100 домаќинства.