Македонија

Командир на полициска станица го оштетил буџетот на МВР за 416.557 денари

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против З.С. вработен во Регионален центар Север на работно место Командир на Пoлициска станица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот постапувајќи спротивно на подзаконски акт на Министерството за внатрешни работи во текот на 2016 и 2017 година ја злоупотребил својата службена положба и овластување при што издал и потпишал 32 наредби за работа подолга од полното работно време со што овозможил на полициски службеници без основа да им се исплатат 416.557 денари за прекувремена работа со што директно го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток