Македонија

Петровска: Законот за потекло на имот овозможува конфискација на нелегално стекнат имот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и институциите кои ги предводи се силно посветени на бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата. Ова е борба која бара постојано стратешко зајакнување и унапредување на капацитетите на националните институции во следењето на текот на финансиите, откривањето на евентуално прикривање и трансфер на нелегално стекнатиот имот во светските даночни оази или на трети лица рече на прес конференција пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.

„Досегашната примена на постојните законски прописи покажа одредени слабости, како и оневозможување на институциите целосно да ја спроведат конфискацијата на имотот. Токму затоа, во насока на отстранување на овие недоследности во фаза на подготовка е Законот за потекло за имот, кој предвидува проверка на сомнително стекнат имот и отвора можност за негова конфискација. Законот ќе важи за сите граѓани без разлика дали остварувале јавни должности и функции, ќе важи и за сите претходни, но и актуелни политичари, а истотака истрага ќе се врши и доколку имотот е префрлен на трети лица. Со ова законско решение, за прв пат се воведува контрола на капиталот, со што се отвора патот за конфискација на нелегално стекнатиот имот и се спречува незаконско богатење врз грбот на граѓаните“ – рече Петровска.

На почеток