Магазин

Беквалац ги остави цигарите, а сега има ново хоби кое ја чини 600 евра месечно

Пејачката Наташа Беквалац ги шокирала фановите кога открила дека извесно време нема да настапува, а неодамна истакнала дека одлучила да ги остави цигарите, и еднаш засекогаш да се ослободи од зависноста од никотин.

Меѓутоа, тоа не е така лесно и Наташа неодамна се пожалила: „Ова е буквално протерување на ѓаволот! Егзорцизам, луѓе! И јас толку многу јадам, тоа се килограми храна, ќе полудам. Луѓе, петти ден без цигара. Ова е страшно како се чувствувам. Многу сум нервозна, агресивна, чувствителна … буквално сум опасна за околината”.

Како што сега пренесуваат српските медиуми, убавата Наташа одлучила да ангажира приватен тренер кој ѝ го препорачала колешката Емина Јаховиќ. Наташа се надева дека физичката активност и редовните тренинзи конечно ќе ѝ помогнат да се откаже од порокот.

Како што се наведува, таа наводно ќе му плаќа 600 евра месечно, а по потреба тој ќе доаѓа и на нејзината домашна адреса.

Покрај тоа што ангажирала тренер, Наташа оди и кај психотерапевт кој ѝ е психолошка поддршка во борбата против цигарите, пишува „Мондо“.

На почеток