Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На Г.П. Табановце има задржување од околу еден час, додека на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.