Македонија

Два земјотреси синоќа во струмичкото подрачје

Земјотрес со интензитет од три степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во земјава во струмичкото подрачје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа го регистрирала земјотресот во 23:33 часот. Епицентарот бил 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.

Земјотресот имал Рихтерова магнитуда ML3.1, а бил почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Подоцна околу 12:32 часот е почувствуван уште еден послаб земјотрес со Рихтерова магнитуда од 2.4 степени.

На почеток