Свет

(ВИДЕО) Експлозија на огномет во Мексико, загинаа 5 лица

Во експлозија за време на огномет која се случила во Мексико животот го загубија најмалку 5 лица, од кои две деца, а 55 се повредени.

Жителите на Фуентесуелас се собрале пред градската црква за прослава, при што дошло до експлозија на 11 килограми огномет. Жителите во паника бегале со цел да се спасат од експлозијата, но многумина не успеале да избегаат и се здобиле со изгореници.

Општинските власти во септември спровеле операции со цел да ја спречат нелегалната продажба на пиротехнички средства.

По експлозијата запленети се повеќе од 4 600 ракети во Фуентесуелас.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток