Магазин

(ФОТО) Цеца како холивудска ѕвезда на првото снимање на „Гранд“

Почна снимањето на новата сезона на шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Жирито е во изменет состав, па така Цеца Ражнатовиќ е нов член на популарниот натпревар на местото на Јелeна Карлeуша.

Вчера Цеца дојде да го сними првото шоу од новата сезона и го зазеде своето место во жирито меѓу Ѓорѓе Давид и Марија Шерифовиќ, онаму каде седеше нејзината вечна ривалка .

Што се однесува до правилата за оваа сезона, тие останаа исти. Кандидатите ќе пеат во првиот круг, а жирито нема да може да ги види. На крајот, ѕидот што ги дели ќе се отвори и натпреварувачите ќе можат да видат дали некој од членовите на жирито гласал за нив.

И ако некој од жирито тогаш потврди дека сака да биде ментор на натпреварувачот, кандидатот има право да избере во чија група ќе биде.

На почеток