Денес низ тетовските улици се одржа протест со кој се бараше правда и одговорност за жртвите во модуларната болница. За време на протестот се случи мал инцидент, а видеото беше веднаш споделено на социјалните мрежи.
На објавеното видео човек се обиде да нападне полициски службеник. Тој во рака држеше бетонска цигла со цел истата да ја фрли кон полицаецот, но за среќа истиот беше задржан од останатите службеници.