Коронавирус

Третата доза на Синофарм го зголемува нивото на антитела веќе две недели по вакцинацијата

Третата доза на кинеската вакцина Синофарм против коронавирус го зголемува нивото на антитела, кои се намалуваат неколку месеци по добивањето на втората доза, покажа студијата спроведена во Кина.

Студијата, која допрва треба да се потврди од други научници, беше објавена во моментот кога третата доза од вакцината се дава на ризичните групи на население во Кина, од страв дека заштитата ќе ослабне со текот на времето, објави Ројтерс.

Покрај Кина, Синофарм е најчестата вакцина во Обединетите Арапски Емирати и Камбоџа.

Пет месеци по ревакцинацијата со Синофарм, нивото на антитела опаѓа за 70% во споредба со нивото достигнато четири недели по втората доза на вакцината, според студијата во која учествуваа здравствени работници.

Но, една недела по третата доза, концентрацијата на антитела повторно се зголемува.

Другите вакцини против ковид -19, исто така, ослабнуваат со текот на времето, па нивните производители предложија да се даде трета доза. Сепак, некои научници велат дека се потребни повеќе податоци за да се знае дали е потребна трета доза или не.

По третата доза на вакцина за Синофарм, клеточниот одговор на вирусот се подобрува, се наведува во истражувањето и се додава дека клеточниот одговор е исто така најважен за долгорочна заштита од вирусот.

На почеток