Македонија

Кривична пријава против две лица поради неовластено поседување на оружје

На 14.12.2018 во периодот од 10,00 до 12,00 часот во Градско, Велес со наредба од Основен Суд Велес извршени се претреси во домовите на лицата О.П.(36) и П.К.(54).

Во домот на О.П. од Градско пронајдени се 9 куршуми 9мм додека кај лицето П.К. исто така од Градско пронајдени и одземени се едно автоматско оружје со пластична рамка, еден пригушувач на звукот, 11 куршуми 9мм.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава поради “Неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток