Вчера во 16.25 часот во Полициска станица Македонски брод е пријавено дека на улица ,,Партизанска’’ во Македонски Брод патничко моторно возило ,,Фолксваген голф’’ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од С.С.(31), удрило во две паркирани возила ,,Ауди А3’’ сопственост на П.П.(30) и ,,Опел Вектра’’ сопственост на Д.П.(48) од село Речани, кичевско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.С. на кого му била укажана лекарска помош во Општа болница Прилеп. Извршен е увид на местото на настанот.