Пописот сепак бил бојкотиран, призна директорот на ДЗИ, Апостол Симовски. Тој ниту самиот немаше точни бројки колкумина јасно одбиле да се попишат, но тврди дека имаат евиденција. Најави постапки, за кои ни самиот не знае дали би завршиле како казни. Смета дека бројот на лица кои одбиле да учствуваат во операцијата се бројат, во како што рече, промили.
„Нашата цел во старт беше да не казнуваме. Оние кои што јасно одбија да бидат дел од пописот, за нив има изјави од попишувачите и ќе бидат покренати постапки. Како ќе завршат, не зависи од нас, не сме ние таа институција“, рече Симовски.