Скопје

Бесплатен превоз во ЈСП за учесниците на маратонот

Во недела, во период од 7 до 14 часот, дел од автобуските линии ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, поради одржување на „Скопски маратон 2021“, информираат од „ЈСП“.

„Ги потсетуваме сите учесници на маратонот, дека в недела ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица)“, додават од таму.

Известуваат дека меѓу линиите со непроменета траса ќе бидат градски линии: 2, 2А, 12, 19, 20, 42, 45 и 65В и приградски линии: 11, 11а, 18, 18а, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 62, 63, 63а, 63б, 65, 66, 66а, 68, 69, 71, 81, 118.

На почеток