Македонија

СДСМ: За намалување на загаденоста сите институции делуваат во здружена акција

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ се посвети на криминални тендери и богатење на поединци поради што го игнорираше проблемот со загадувањето и не презеде ништо. Дополнително, заради криминални интереси системски беше уништувано зеленилото, се потрошија милиони евра за барок, споменици и гипс наместо да се инвестира во почитста и здрава животна средина. Тоа резултираше со екстремна загаденост на воздухот што и денес се чувствува, велат од СДСМ.

„За разлика од таквиот неодоговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните и нивното здравје, денес Владата предводена од СДСМ и сите надлежни институции, преземаат серија мерки на локално и на национално ниво преку кои се решава долгогодишниот проблем со аерозагадувањето.

Се обновува зеленилото што системски беше уништувано. Во Скопје, Битола, Велес но и на други места ширум земјава се спроведува акција за зазеленување, се садат дрвја и се обновува зеленилото. Интензивно се расчистуваат депониите, зачестени се инспекциите, се заменуваат нееколошките енергенси во училиштата.  Засилени се активностите за гасификација, во тек е субвенцирање на еколошки печки на пелети за загревање на домовите“, велат од партијата.

Според нив, се решаваат проблемите со сите извори на загадување. Од наредната година ќе се набават 40 нови еколошки автобуси за град Скопје, а предвидена е и набавка во другите градови како во Битола и Прилеп.

„Ова се само дел од мерките што се преземаат континуирано за решавање на деценискиот проблем со загадувањето.

Чистиот воздух и здравата животна средина се врвен приоритет на СДСМ. Сите институции низ заедничка, координинарна акција секојдневно преземаат мерки за надминување на деценискиот проблем со загадувањето со цел за наредните две години загадувањето да се намали за 50 отсто во Скопје и за 30 до 50 отсто во цела Македонија“, се вели во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток