Во Русија, регистрирани се 25.219 нови случаи на инфекција „Ковид-19“ во последните 24 часа, објави кризниот центар за борба против корона вирусот.
Вкупниот број случаи на коронавирус во Русија достигна 7.560.767, пишува Тас.
Во последните 24 часа, 886 лица починаа од последиците од корона вирусот во Русија, што е вкупно 209.028 смртни случаи од корона вирусот во Русија.