Свет

Сите болници во Загреб стануваат ковид центри

На вчерашната средба на експертската група во Министерството за здравство на Хрвстака, покрај зголемувањето на капацитетот за тестирање, договорен е и нов режим за болниците.

Ова се должи на големиот пораст на заболените од корона во таа земја. Да потсетиме, вчера во земјата биле регистрирани 4.571 нов случај на коронарна инфекција, 1.207 хоспитализирани, од кои 153 пациенти на респиратор, а 26 починаа.

Со новиот режим, кој се воведува поради влошувањето на епидемиолошката состојба, сите најголеми болници во Загреб стануваат болници за ковид пациенти.

Тоа пред се значи отворање на нови капацитети за пациенти со ковид, во болницата Дубрава, болницата во Загреб и болницата Сестре Милошрднице.

Зголемувањето на капацитетите на болниците мора целосно да се реализира најдоцна до понеделник.

Постигнат е договор за зголемување на изолационите капацитети во сите болници, а предложено е и отворање капацитети за пациенти со Ковид во Меркур и Светиот Дух.

Договорен е и диспечер во Итната помош во Загреб, кој ќе ги следи сместувачките капацитети 24 часа на ден, и кога станува збор за Унифициран итен медицински прием (ОХБП) и кога станува збор за хоспитализираните.

Договорено е и болниците да ја пријават состојбата во 8, 14, 19 и 24 часот.

Следната недела можна е нова средба на експертската група во зависност од епидемиолошката состојба.

Инаку, на средбата се разговараше и за амбулантите со ковид, кои исто така треба поинтензивно да се користат низ државата.

Градот Загреб вчера ги мобилизираше клиниките за ковид како дополнителни места каде граѓаните може да се тестираат. Да потсетиме, во Загреб вчера секој втор тестиран бил позитивен.

На почеток